Македонија
13. May 2016 - 23:24

Поддржувачите на „Протестирам“ со протести во Скопје и други градови

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва одржа протест во Скопје и во повеќе градови во државата.

Како и претходните денови протестот во Скопје почна пред Специјалното јавно обвинителство. Насобраните протестираа против социјалната неправда и политиките за вработување.

Од пред Специјалното јавно обвинителство тие се упатија кон Агенцијата за вработување, а потоа и кон Министерството за економија и кон овие две институции фрлаа балони со боја.

Протестите ги организираат со цел повлекување на одлуката за аболиција за сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од СЈО и неотповиклива оставка од претседателот Ѓорге Иванов.

Протести одржаа и во Штип, Делчево, Виница, Велес, Свети Николе, Струмица, Радовиш, Прилеп, Битола, Ресен и Крушево.