Поддршка за активностите на ССМ од меѓународните синдикални организации
Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение информираше дека има целосна поддршка од меѓународните синдикални организации за активностите што ги презема за заштита на работниците во услови на пандемија.
До ССМ испратен е заеднички допис од генералниот секретар на ИТУЦ Шаран Бароу и генералниот секретар на ЕТУЦ Лука Висентини кои ги поздравуваат ангажманот на ССМ и барањата по повод Меѓународниот ден на трудот.
– Во вашиот говор посветен на Први мај, ја истакнавте релевантноста на солидарноста, единството и кохезијата во справувањето со здравствената криза и нејзините економски и социјални последици. Нагласивте дека ССМ очекува Владата на Република Македонија, покрај активностите насочени кон управување со кризата и стабилизирање на економијата, да започне со исполнување на ветувањата содржани во нејзината владина програма и исто така да го зајакне социјалниот дијалог, се вели во дописот кој го пренесува ССМ.
Од ССМ најавуваат дека и во следниот период под мотото „Здружени со иста цел“ заедно со работниците продолжуваат со залагањата да ги остварат нивните права.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење