Македонија
27. December 2015 - 10:55

„Под земја полесно се дише“

Претстава, изложба, настапи на нови бендови, видео и звучни инсталации, скулптури, се само дел од програмата на фестивалот „Под земја полесно се дише“ што трет пат го организира културниот центар „Кула“.

Како и претходните две години, фестивалот ќе се одржи во подземните гаражи кај Плочник. 

Во рамки на фестивалот студентите од Факултетот за драмски уметности ќе ја одиграат „Како класа 13 во 2015-та ја одигра Животинска фарма од Џорџ Орвел“.