Балкан
24. August 2021 - 12:48

Под контрола пожарот во близина на Атина

Под контрола е пожарот што вчера избувна во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а голем број противпожарни сили и понатаму интервенираат за целосно гаснење, јави дописничката на МИА од Атина.

Според противпожарната служба на Грција, пожарот го гаснат 220 пожарникари со 64 возила, два пешадиски тима, 77 пожарникари со 13 возила од Романија, 37 пожарникари со девет возила од Полска, како и еден хеликоптер и два авиони, а помагаат волонтери и цистерни од општините.