Македонија
27. November 2024 - 13:37

Почувствуван земјотрес во Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 27.11.2024 година во 13 часот и 09 минути по локално време, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.