Македонија
16. November 2016 - 11:24

Почувствуван уште еден земјотрес во југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во  10 часот и 15 минути во југоисточните делови на Република Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција со магнитуда од 4.1 степени според Рихтеровата скала.