Македонија
3. јуни 2016 - 12:50

Почнуват „Kичевските поетски вечери”

Од денеска до недела во Кичево во организација на здружението на писатели „Мугулими“, а под покровителство на општината, ќе се одржуваат кичевски поетски вечери.

На оваа манифестацијата околу 60 писатели од Македонија, Албанија и Косово, ќе имаат можност да ги престават своите поетски творби.

Преседателот на организациониот комитет на манифестацијата Ибраим Коча истакна дека секоја вечер љубителите на пишаниот  збор ќе имаат можност да ги слушнат најновите остварувања на писателите од овој регион.