Македонија
21. August 2019 - 19:46

Почнуваат Струшките вечери на поезијата

Македонија не е само пријателска земја, туку парче од планетата по која чекорел Орфеј, што доволно зборува за традициите на поетскиот израз тука. Македонија е на Mакедонците, промената на името ме растажува меѓутоа најважно за државата е да продoлжи да се развива и промовира преку културата истакна добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата Ана Бландијана од Романија која е четврта жена добитник на ова високо признание.

Една од новините во фестивалската содржина е „Поетската порака“која на отворање ќе ја чита истакнат македонски поет Влада Урошевиќ.

По традиција, фестивалските поетски збиднувања во рамки на СВП почнаа изутрината со садење дрво во Паркот на поезијата во Струга и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП.

Покрај Струга како град-домаќин, каде ќе се одржат најголем дел од настаните, поетите во рамките на програмата „Поезија на пат“ ќе се претстават и во Охрид, Калишта, Куманово, Велес, Прилеп, Небрегово и Скопје.