Почнува втората инвестициска фаза на Ван Хол во Македонија
Белгиската компанија „Ван Хол“ денеска ќе ја почне втората инвестициска фаза во Македонија, во која се предвидува изградба на нова фабрика во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Скопје 2 - Илинден во која, како што беше најавено на почетокот на годинава, ќе се произведуваат автобуси за европскиот пазар.
Како што беше објавено на крајот на јануари оваа година, инвестицијата на белгиската компанија ќе изнесува 15 милиони евра, а треба да се реализира во следните четири години. Во фабриката треба да бидат вработени 400 работници, а се очекува до 2019 година вкупниот број на вработени во „Ван Хол“ во Македонија да достигне 1.250.
Во правата фабрика што оваа компанија ја отвори во Македонија се произведуваат автобуси за американскиот пазар.
Ново на Сител
-
Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа
-
Пендаровски не планира да се кандидира за нов мандат
-
Во Шпанија запленети 7,2 тони кокаин
-
Пронајден убиецот на 76 годишниот маж од Крива Паланка
-
ОЈО Скопје го изготви барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски
-
На територијата на цела држава 500 казни за сообраќајни прекршоци
-
Алиев: Азербејџан нема цел да стане членка на ЕУ
-
Пендаровски: Не гледам простор како што одиме кон техничка влада дека ќе се направи политичка клима за уставни промени