Македонија
16. February 2019 - 11:11

Почнува времен режим на улица „Доне Божинов“ во Куманово, поради реконструкција на железничкиот коридор 8

Компанијата „Х.Ф. Вибе“ ги информира граѓаните на Куманово дека во рамки на реконструкција на железнички коридор 8, делница Куманово-Бељаковце од понеделник, почнува со воведување на времен режим на сообраќај на улицата „Доне Божинов“. Од компанијата информираат дека се обезбедени услови за непречено движење на сообраќјот на возилата и услови за безбедено движење на пешаците.