Македонија
1. March 2018 - 8:43

Почнува со работа Системот за брзо информирање за небезбедна храна

Од денеска почнува со работа Системот за брзо информирање и управување со небезбедна храна, храна за животни и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изработен по моделот на европскиот Rapid аlert system for food and feed (RASFF).

Врз основа на овој систем инспекциските служби брзо реагираат, а ако треба да се повлече некоја небезбедна храна и да се направи брза контрола, целата процедура е експресна.

Комуникацијата и размената на податоци се одвива преку електронска пошта, а за таа намена е изработена софтверска апликација на веб-страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

- Системот е воспоставен како мрежа за известување за директен или индиректен ризик за здравјето на луѓето кој потекнува од храната, односно од храната за животни. Осигурува брз проток на информации во доменот на службени контроли, како и брзо и навремено преземање на потребните контролни активности и/или мерки. Неговото  функционирање ќе биде основа за приклучување на Македонија кон европскиот, RASFF, во оној момент кога земјава ќе стане членка на ЕУ, вели директорот на АХВ Зоран Атанасов.