Почнува расправата во грчкиот Парламент за буџетот за 2020 година
Попладнево со обраќање на известувачите од партиите почнува петдневната расправа во грчкиот Парламент за буџетот за следната година, а во среда на полноќ ќе биде ставен на гласање пред пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.
Дискусијата се очекува да кулминира на последниот ден, кусо пред гласањето кога свои обраќања ќе имаат грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, како и претседателите на останатите политички партии.
Буџетот веќе доби зелено светло од надлежната комисија за економски прашања, откако претходно министерот за финансии на Грција, Христос Стајкурас кон крајот на ноември му го достави на претседателот на грчкиот Парламент.
Стајкурас тогаш рече дека буџетот за следната година ги имплементира сите заложби на владата согласно нејзината програма
-Изразува оптимизам, но не ги надминува границите на реализмот. Постигнува рамнотежа помеѓу економската ефикасност и социјалната правда. Вклучува политика за постигнување реални цели. Интегрира иницијативи за зајакнување како на понудата, така и на побарувачката во економијата. Насочен е кон помагање на процесот на развој преку зајакнување на инвестициите, рече министерот за финансии на Грција пред 20ина дена.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, трошоците за 2020 се предвидува да достигнат до 57,16 милијарди евра, за 722 милиони повеќе во споредба со предвидувањата за тековната година, додека пак нето приходот на државниот буџет предвидено е да изнесува 54,71 милијарди евра, 0,8% повисок во однос на процените за 2019 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација