Македонија
1. September 2015 - 8:34

Почнува новата учебна година

За околу 275.000 основци и средношколци од денеска почнува новата 2015/2016 година. Првпат во училишните клупи ќе седнат и околу 20.000 првачиња.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми по повод отпочнувањето на учебната година ќе го посети Основното училиште „Пашко Васа“ во с. Групчин, општина Желино. 

Инаку, од вкупниот број ученици во земјата, околу 190.000 се основци и околу 85.000 средношколци.

Во Македонија има 105 средни и 337 основни училишта.