Почнува „лудилото“ во Премиер лигата
Со денешните осум натпревари од 18.коло од Премиер лигата почнува „лудилото“ бидејќи до 4.јануари екипите од најсилната лига ќе одиграат три кола. Практично фудбал нема да се игра само на 29.декември (четврток) на сите други денови ќе има најмалку по еден натпревар.
Попладнево на популарниот „Боксин деј“ први на теренот ќе се појават екипите на Вотфорд и на Кристал Палас, а почетокот на дуелот е во 13:30 часот.
Во терминот од 16 часот се играат шест натпревари: Арсенал – ВБА, Барнли – Мидлсброу, Челзи – Бурнемут, Лестер – Евертон, Манчестер Јунајтед – Сандерленд и Свонси – Вест Хем.
Последниот натпревар денеска од 18:15 часот го играат Хал и Манчестер Сити.
Во вторник се игра натпреварот Ливерпул – Стоук, а во среда е последниот дуел од оваа рунда меѓу Саутемптон и Тотенхем.
Табела: Челзи 43 бодови, Ливерпул 37, Манчестер Сити 36, Арсенал 34, Тотенхем 33, Манчестер Јунајтед 30,...
Ново на Сител
-
Реакција од Министерството за одбрана и од министерката Радмила Шекеринска на изјавата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ
-
Ѓорчев во САД на средби со сенаторот Тед Крус и повеќе конгресмени
-
Гутереш разочаран од резултатот од климатската конференција
-
Кремљ: Путин ја поздравува политичката волја на Макрон за дијалог
-
Промовирани првите изданија од едицијата сликовници „Светулка“
-
Старџен: Шкотска не може да биде заложник на Велика Британија
-
Без струја дел од улицата „Алекса Демниевски“ во „Ѓорче Петров“
-
Пендаровски: Методологијата и датумот за преговори со ЕУ не смеат да бидат изговор за квалитетот на реформите