Македонија
29. January 2016 - 12:15

Почнува изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп

Наскоро ќе започне изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп. Првата фаза од Фариш до Дреновска Клисура во должина од 10 километри ќе ја гради шпанската компанија „Констракшн Рубауко“, со која е потпишан договор.

Договорот е вреден 31,8 милиони евра. Изведувачот има рок од 24 месеци да ја заврши изградбата на оваа делница.

Според проектот, патот ќе биде со широчина од 12,4 метри, со по две ленти од по двете страни со широчина од 3,5 метри и 2, 5 метри.

Изградбата на овој пат од Градско до Прилеп ќе се изведува во три фази. Втората фаза ќе се гради од Градско преку Росоман до клучката Кавадарци во должина од 16 километри. Третата  фаза се планира да започне од месноста Тројанци па се до влезот на Прилеп во должина од 7, 5 километри.

Потпишан е и договор за реконструкција на регионалниот пат Кочани–Делчево, во должина од 30 километри. Инвестицијата за целосна рехабилитација на оваа делница изнесува 6 милиони евра.

Изведувач на овој проект е домашната компанија Гранит.

Оваа година покрај овие два патни правци за кои веќе се склучи договор ќе се започне со изградба на уште четити нови експресни патишта: Штип–Кочани, Штип–Радовиш, Охрид–Пештани, Ранковце–Крива Паланка со вкупна должина од 104.5 километри и инвестиција со проценета вредност од околу 247 милониевра, како и реконструкција на уште пет регионални патишта.