-->
-->
Почнува есента
-->
Во Македонија и на северната хемисфера денеска во 03:54 часот почна есента. Во исто време на јужната полутопка настапува пролетта.
На првиот ден од есента денот ќе трае 12 часа и 12 минути. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути.
За денеска метеоролозите најавуваат сончево и топло време со умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура од 7 до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 27 до 33 степени.
Есента ќе трае до до 21 декември кога официјално ќе настапи зимата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот