Loading Video...
Свет
16. јуни 2021 - 16:33

Почнаа разговорите помеѓу Бајден и Путин

Се ракуваа, се фотографираа па се повлекоа во библикотеката сместена во вилата Ла Гранж во Женева да разговараат зад затворени врати. Путин и Бајден за првпат се состануваат како први луѓе на САД и Русија, средба која според двете страни се случува во момент кога билатерланите односи се на најниско ниво од крајот на Студената војна. Швајцарскиот претсeдател ги пречека гостите и им посака успешни разговори. 

- Чест и задоволство е Швајцарија да биде домаќин на самитот, во согласнсот со својата тардиција на добри услуги, промовирање на дијалог и мегусебно разбирање. И на двајцата ви посакувам успешен дијалог во инттерс на вашите држави и светот порача швајцарскиот претседател Гај Пармелин.

Пред стартот на разговoрите Путин му се заблагодари на Бајден за иницијативата за средбата и изрази надеж дека таа ќе биде продуктивна, додека Бајден истакна дека средбата со Путин очи-во-очи е корисна.     

Трката за вооружување, климатските промени , ковид пандемијата , Украина, човековите права,апсењето на рускиот опозиционер Навални , тврдењата на САД за руски сајбер напади и мешање во избори се темите кои ќе бидат разгледани.Колку долго ќе трае состанокот на кој присуствуаат и американскиот државен секретар  и рускиот шеф на дипломатијата не се знае. Познато е дека по состанокот нема да има заедничка прес конференција. Путин и Бајаден ќе дадат одделно изјави.   

Изминативе денови и двајцата претседатели порачаа дека времето потрoшено за самитот нема да биде залудно ако се договорат  да соработуваат во областите каде двете држави имаат заеднички интерес а не штедеа и да си поделат  убави зборови еден за друг, за разлика од  претходно кога Бајден го нарече Путин убиец а рускиот претседател му возврати да се погледне во огледало.