-->
-->
Почнаа парламентарните избори во Русија
-->
Во источниот дел на Русија утрово се отворени првите гласачки места, со што почнаа парламентарните избори на кои Русите ќе гласаат за 450 пратеници во долниот дом (Државната дума).
На изборите се очекува дека ќе победи Единствена Русија која ги обединува симпатизерите на рускиот претседател Владимир Путин.
Истовремено ќе бидат одржани и избори за регионални власти и локални избори, наведува „Раша тудеј“.
Сите гласачки места ќе бидат отворени од 8.00 до 20.000 часот по локално време.
Право на глас имаат 111,6 милиони Руси, од кои околу два милиони живеат надвор од земјата.
Претседателот Путин, во четвртокот, ги повика граѓаните да излезат на изборите да гласаат и да го изразат нивниот став. см/ссм/08:31
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто