Македонија
2. November 2019 - 10:46

Почнаа чествувањата по повод општинскиот празник на Гевгелија

 Со одржување на традиционалната манифестација „Фолклорен ѓердан“ во Гевгелија почнаа чествувањата по повод прославата на „7 Ноември“, Денот на ослободувањето на градот.

-Пред гевгелиската публика и годинава направивме вистинска ревија на ансамбли кои го негуваат богатството на македонскиот фолклор. Присутните се воодушевија од настапите на ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија, на културно-уметничките друштва „Браќа Толеви“ од Прдејци, „Дримкол“ од Вевчани, како и фолклорното студио „Етнос“ и АКУД „Мирче Ацев“ од Скопје, истакнаа организаторите од Пионерскиот дом во Гевгелија.

Празничната програма чиј покровител е Општина Гевгелија ќе продолжи во понеделник на 4 ноември со годишната изложба на друштвото на ликовните уметници од Гевгелија која ќе се одржи во фоајето на Народниот театар од 20 часот.