Македонија
18. October 2017 - 10:26

Почна вакцинација против сезонски грип во Дебар

- Во дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје-Охрид, вчера почна вакцинацијата против сезонски грип, и истата до сега ја добиле 76 лица.
 
- Годинава набавивме 400 вакцини, за колку што во просек секоја годна во овој период имало интерес. Освен жител од општните Дебар и Центар Жупа, заради близината, за имунизација од сезонски грип, се јавуваат и жители од подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше,-информираше епдемилогот Ментор Меља, раководител на единицата.
 
Тој додава дека доколу биде потребно ќе се изврши и дополнителна набавка.
 
Според Меља вакцината е со унифицирана цена од 400 денари и се препорачува за лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип.