Македонија
17. September 2020 - 18:25

Почна третиот протест против поскапувањето на струјата

Со автомобили, транспаренти и знамиња пред салата “Борис Трајковски” почна протестот организиран од ВМРО ДПМНЕ против поскапувањето на струјата. Колоната во автомобили се движи преку булеварот „Партизански одреди“, а крајна дестинација е Регулаторната комисија за енергетика, каде што ќе заврши протестот. „Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ“, велат од најголемата опозициска партија. ВМРО-ДПМНЕ минатата недела на двапати организираше протести против поскапувањето на струјата пред седиштето на РКЕ во Скопје. Претходно, Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека нема да ја поништи одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, ниту прифаќа било кое од останатите три барања кои до неа ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

 

Горан Симоновски