Македонија
23. July 2021 - 16:43

Почна расправата по 1000 амандмани за Законот за државјанство

Во жестока расправа, меѓусебни дофрлања и исклучување на микрофони почна расправата на Комисијата за европски прашања по повод Законот за државјанство. Се работи за закон кој беше договорен на власта со албанската опозиција, а кој Владата го испрати со европско знаменце и скратена постапка за да се ограничи дискусијата и да се спречи блокада која ја највија од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Опозицијата се обиде преку процедурални забелешки да го одложи стартот на расправата по самиот закон со цел да не почнат да течат роковите од само два дена комисиска расправа. Најголемата забелешка е дека законот не е европски.

Законот пак, според првичните предлагачи од Алијанса и Алтернатива решава суштински проблем на граѓаните.

По низата процедурални забелешки претседавачот на Комисијата, Арбер Адеми сепак, го стави дневниот ред на гласање. На Законот за државјанство биле поднесени 1006 амандмани, од кои 6 на ВМРО-ДПМНЕ се одбиени како неуредни.