Македонија
13. September 2019 - 14:42

Почна обуката за пилоти на нова група кадети

Новата група кадети започна со обука во Центарот за обука на пилоти во Скопје. Како што посочи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска која денеска беше во работна посета на Ценаторт, младите пилоти додека се на школување, ќе примаат плата.

Министерката појасни дека на овој начин на идните пилоти ќе им се реши еден од нивните егзистеницјални проблеми, ќе им се подобри животот, ќе им се подобри квалитетот на образование, но ќе стимулира и други полесно да се приклучат во овој процес.

Наредниве шест недели, Шекеринска инфоримира дека речиси 60 пилоти од полската Армија ќе добијат обука на симулатори во Центарот за обука, а во следниот период допилнително 30 пилоти на бугарската Армија ќе го сторат истото.

– Центарот за обука на пилоти се повеќе стекнува и меѓународна репутација. Ова покажува дека Република Северна Македонија како одна членка на НАТО веќе има квалитет и знаење кое може да го понуди на сојузниците, изјави Шекеринска.

Посочи дека во следниот период ќе се инвестира во различните системи, противвоздушна опрема, заштита на војниците, делот на хелихоптерските единици ќе ги трансферираат на таканаречената Западна или НАТО платформа.

 

-Најголемиот дел од младите ќе летаат со постоечките хелихоптери, но ќе бидат дел и од хелихоптерски единици кои што ќе бидат целосно компатибилни со НАТО, и ќе ги имаат најмодерните опреми и хелихоптери кои што се присутни на пазарот, рече министерката.

На прашање колку нашата Армија има капацитет да помогне на НАТО, таа рече дека ние имаме бројка која што ги задоволува нашите потреби, но не е доволна за тие потреби се пренесат и испорачаат дури и на НАТО.

– Ние и во декларираните единици имавме еден хелихоптерски дел, меѓутоа досега никогаш не беше искористен. Еден од проблемите е бројката на пилоти, која се уште е ограничена, а вториот проблем е дека во ваквите НАТО операции е потребна поголема интероперебилност. Заради тоа се потребни слични хелихоптери и платформи. Имавме пилоти кои беа дел од мисиите на НАТО, меѓутоа не како пилоти, туку како воени старешини, појасни Шекеринска.

На почетокот на октомври, министерката информира дека ќе започне нов конкурс, и ги повикува сите млади кои имаат страст, и на кои летањето им изгледа привлечно како професија да се пријават, да ги поминат тешките тестирања, меѓутоа да ја добијат сатисфакцијата да бидат едни од елитните едници во нашата Армија.