Почна лидерската средба
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран заев, на ДУИ Али Ахмет и на ДПА Мендух Тачи, попладнево во Клубот на пратениците во Скопје ја почнаа средбата на која, согласно политичкиот договор постигнат на 20 јули годинава, треба да оценат дали се исполнети условите за одржување фер и демократски избори.
На средбата присуствуваат и амбасадорот на САД Џес Бејли и претставник на Делегацијата на ЕУ во Македонија, како посредници во постигнувањето на Пржинскиот договор.
Доколку лидерите на четирите најголеми политички партии се договорат, изборите треба да се одржат на 11 декември, а на 100 дена пред изборите треба да се избере преодна влада во која ќе партиципира опозицијата.
Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство. На 100 дена пред изборите опозицијата треба да именува нов главен и одговорен уредник на МРТВ, а денеска се очекува да биде комплетирано и ад-хок телото кое ќе ги мониторира медиумите.
Претходно, беше прочистен Избирачкиот список од гласачи кои имаа спорни записи.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово