Македонија
21. April 2019 - 8:57

Почна гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Навреме почна гласањето во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа, претседателите на Општинските изборни комисии.

Во Куманово  денеска, гласаат 86.009 избирачи на 167 избирачки места, информираше Звонимир Николовски, претседател на ОИК Куманово.

Во Липково, пак, гласаат 25.363 граѓани на 36 избирачки места, информираше претседателот на ОИК, Лирим Јашари.

Гласањето почнало навреме и во Старо Нагоричане, информираше Драган Јовановски, претседател на ОИК. Во оваа општина право на глас имаат 3.329 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места.