Македонија
18. December 2018 - 19:06

Почна финалната фаза од уставните измени - ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува и поднесе интерпелација за Димитров

Со расправа во Комисијата за уставни прашања почна третата фаза од уставните измени. На дневен ред се 4 предлог-амандмани на Уставот согласно Договорот од Преспа и Уставниот закон за важењето на овие амандмани и државјанството.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бојкотира оваа конечна фаза од измените на Уставот бидејки за нив целиот процес бил фарса и спротивен на ставот за немнување на уставното име на државата.

Според Милошоски досегашнотот учество на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени било, како што рече, за да се разобличи целата ситуација. Според опозициската партија иако меѓународните претставници ги поддржуваат измените на Уставот,  тие не можат да се грижат за тоа дали ваквите измени се во интерес или на штета на националните интереси.

Измените во амандманите ги образложи министерот Никола Димитров. Тој во реплика коментираше дека опозицијата имала шанса да учествува во процесот.

Токму Димитров е министерот на кој поради Договорот од Преспа опозициската партија денеска поднесе и интерпелација.

Во меѓувреме, поднесени се 7 амандмани на Уставниот закон и тоа од БЕСА, Алијансата на Албанците, пратеникот Мухамед Зекири и од 8-те независни пратеници излезени од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.  Тие главно се однесуваат на државјанството. Наместо македонско коса цврта граѓанин на Република Северна Македонија, сега се бара да се избрише делот македонско или пак, да стои одредба дека оваа опредлеба не се однесува на етничката припадност на државјаните.

Засега нема амандмани на владините уставни амандмани. Тоа ќе може да се направи најдоцна 8 дена од одржувањето на пленарната која се е најавува за 9 јануари до година. Целиот процес се планира да заврши до 15 јануари. Уставните амандмани во оваа фаза се носат со дво третинско мнозинство.