Македонија
1. April 2016 - 13:30

Починат старец пронајден во битолско

Вчера во 09.30 часот во ПС-Битола било пријавено дека во атар на с.Крстоар, битолско, било пронајдено починато лице.

Екипа од СВР-Битола извршила увид на местот на настанот.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт,  при што не биле забележани видливи надворешни знаци на насилство.

Исто така било утврдено дека се работи за лицето М.А. (88) од Битола.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.