Починат пешак по сообраќајка на патот Тетово - Јажинце
Шеесетгодишниот А.А. од тетовското село Одри починал вчера на скопските клиники каде бил донесен како тешко повреден од сообраќајна несреќа што истиот ден претходно се случила на регионалниот пат Тетово – Јажинце што минува низ Одри информираат од СВР Тетово.
Вчера околу 15 часот и 40 минути А.А. (60) додека пешки се движел бил удрен од патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистерски таблици што го управувал А.А. (20) од Јажинце.
Од удирот пешакот здобил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница каде бил пренесен со возило на Брза помош, итно бил префрлен на Карил во Скопје каде пред полноќ им подлегнал на повредите.
Полицијата извршил комплетен увид на местото од сообраќајката и работи на целосно утврдување на причините за несреќата, околностите во кои се случила и се друго.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација