Македонија
30. September 2021 - 17:27

Починат маж пронајден мртов во напуштена куќа во Скопје

Починат маж бил пронајден вчера во 10:45 часот во напуштена куќа на ул.„Коле Неделковски“ во Скопје, информира МВР.

Увид извршила екипа од Полициската станица Центар, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител телото било подигнато од А.Д. „Бутел“.