Македонија
3. јуни 2020 - 11:53

Починал откако сопственото возило го притиснало во банкина

На 03.06.2020 во 01.30 часот било пријавено дека на автопатот Св.Николе - Скопје, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58), застанало и Б.К. излегол од возилото. Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.