Македонија
20. November 2021 - 16:49

Почина затвореник од КПУ Идризово

На затвореник му се слошило и на пат кон Клиника починал.

- На 19.11.2021 во 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Одделот за токсикологија бил донесен починат Ј.Х.(49) од Кичево, затвореник од КПУ Идризово. Според пријавеното од вработените во КПУ Идризово, на Ј.Х. му се слошило и на пат кон здравствената установа починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.