Македонија
29. January 2021 - 12:43

Почина Владимир Воиновски

На 84-годишна возраст денес почина долгогодишниот претседател на КК Вардар и еден од основоположниците на овој клуб Владимир Воиновски.

Кариерата ја започнува во Вардар како дел од семејната традиција да биде дел од црвено црното семејство. Целиот играчки век го помина во овој клуб со мал трансфер во српски Партизан по што повторно се враќа во Вардар и тука ја завршува играчката кариера и продолжува како функционер во клубот се до неговата смрт.

Целиот свој живот го посвети на спортот и на неговата спортска љубов КК Вардар.