Македонија
12. August 2021 - 14:10

Почина универзитетскиот професор Владимир Девчев

На 59-годишна возраст почина универзитетскиот професор Владимир Девчев. Оваа информација ја соопшти Филозофскиот факултет од Скопје.

Девчев беше редовен професор на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет при УКИМ.

-За време на својот академски развиток на Филозофскиот факултет проф. д-р Владимир Давчев објави значајни научни трудови и оствари исклучителни наставно – научни и истражувачки резултати со кои остави траен белег во академската заедница. Засекогаш ќе ја паметиме неговата смиреност, трудољубивост и професионална посветеност кон сите обврски поврзани со активностите на факултетот, соопшти факултетот.