Свет
16. November 2019 - 12:36

Почина тинејџерот кој пукаше во училиште во Калифорнија

Шеснаесетгодишниот тинејџер, кој уби двајца ученици и повреди три лица во дворот во средно училиште кај Лос Анџелес, починал од здобиените повреди.

Момчето се застрела во главата по нападот во училиште во четвртокот наутро, на неговиот роденден, и бил примен во болница во критична состојба.

Полицијата соопшти дека не успеала да го сослуша за мотивите, а тој не оставил писмо за да помогне да се разјасни зошто пукал во училиштето.