-->
-->
Почина Спасе Вурмо, голем македонски активист во Албанија
-->
Во шеесет и шестата година од животот, синоќа во село Туминец, Мала Преспа, почина Спасе Вурмо, голем македонски активист во Албанија.Спасе беше долгогодишен активист и борец за правата на Македонците во Албанија.
Од самото формирање беше член на друштвото „Преспа“, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија, како и на партијата Македонска алијанса за европска интеграција.
– Спасе беше почитувана личност во Преспа и даде голем придонес во афирмација на Македонците во Албанија. Длабоко и искрено сочувство до фамилијаÑ �а, напиша Васил Стерјовски претседател на МАЕИ, објавувајќи ја веста.
Погребот е денеска во 12 часот на селските гробишта во село Туминец, општина Пустец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски на средба со Калас во Брисел
-

Годишни трошоци од 3.000 евра за едно дете
-

Во Преспа се прави проценка на штетите по поплавите
-

Врнежите го подобрија водостојот во браните во Струмичко, но тој и понатаму е низок
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога ќе бидат усвоени законите за правосудството?
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

За 12 часа 65 000 прекршоци регистрираше Сејф Сити
