Џет-Сет
11. August 2016 - 15:28

Почина славниот актер - Фановите на култната серија се завиени во црно

 
Почина актерот Бери Џенер, ѕвездата од серијата „Ѕвездени патеки“., каде ја играше улогата адмирал Вилијам Рос.
 
Актерот Бери Џенер најпознат по улогите во „Далас“, „Ѕвездени патеки“ и „Под истиот покрив“ во вторникот во Лос Анџелес на свои 75 години ја изгуби битката со леукемијата.
 
Се појави во 12 епизоди во седмата сезона на научно-фантастичната серија „Ѕвездени патеки: Длабоко место 9“, кадешто го толкуваше адмиралот Вилијам Рос.
 
Сочувство до семејството на Бери Џенер изрази неговиот колега од „Ѕвездени патеки“Армин Шимерман кој порача:
 
„Срцето ми е скршено. Тагувам и не верувам. Почина мој добар пријател. Изразувам сочувство на сопругата Сузан и на сите оние кои го сакаа“.
 
Фановите на култната серија се завиени во црно.