Свет
7. March 2016 - 9:18

Почина Реј Томлисон пронаоѓач на електронската пошта

Реј Томлисон, американски програмер заслужен за постоење на и-мејл комуникацијата, почина на 74-годишна возраст, јави денеска Би-Би-Си.

Томлисон починал во саботата од последици на срцев удар.

Во 1971 година американскиот компјутерски програмер ја измисли електронската пошта која може да се испраќа од една во друга мрежа. Неговиот изум вклучува и употреба на симболот @ во и-мејл адресите.

Томлисон го испрати првиот и-мејл додека во Бостон работел како инженер во истражувачка компанија.