Македонија
30. August 2020 - 11:17

Почина Ратка Димитрова, пратеничка од првиот состав на Собранието

 Пратеничката, односно координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Ратка Димитрова, од 1991 до 1994 година почина на 80-годишна возраст.

Таа имаше и богата кариера како виолинистка, со многу одржани концерти во нашата земја и во светот.

Димитрова е мајка на Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи.