Почина раперот Кулио
Раперот Артис Леон Ајви Помладиот, попознат по уметничкото име Кулио, почина вчера во домот на свој пријател во Лос Анџелес, САД. Музичарот имаше 59 години.
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот менаџер. Причината за смртта сѐ уште не е откриена. Според неофицијални наводи, не постои сомневање за насилство и веројатно се работи за срцев удар. Инаку, раперот се здоби со светска слава по објавувањето на хитот „Gangsta’s Paradise“ во 1995 година, за кој беше награден со „Греми“ за најдобра соло-рап изведба.
На почетокот на оваа година, песната достигна една милијарда прегледи на Јутјуб. Тој има издадено вкупно осум албуми. Кулио уште петпати во кариерата беше номиниран за „Греми“. Има шест деца и бил оженет со Џосефа Салинас од 1996 до 2000 година.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж