-->
-->
Почина првата дама на поранешниот претседател на САД
-->
Некогашната прва дама, сопругата на претседателот на САД, Роналд Реган, Ненси Реган денеска почина на 94-годишна возраст.
Американската јавност ќе ја памти по лојалноста кон сопругот, од кого не се одвојуваше во ниту една ситуација по обидот за атентат во 1981 година.
Ненеси Реган спонзорираше голем број проекти насочени за едукација на младите и спречување на ширењето на злоупотреба на наркотиците. Во кампањата „Само кажи не“ таа пропатува повеќе од 250.000 километри.
Откако на нејзиниот сопруг му беше дијагностицирана Алцхајмеровата болест во 1994 година таа формираше Институт за истражување „Роналд и Ненси Реган“.
Ненеси Реган почина во својата куќа во Лос Анџелес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак