Македонија
5. December 2017 - 20:17

Почина професорот Јордан Спасески

Во 84-та година од животот почина професор д-р Јордан Спасески, основоположник на полициското образование, на науката за безбедност и на Факултетот за безбедност, успешен раководител на повеќе институции, научен соработник и публицист. Посмртните останки на проф. д-р Јордан Спасески ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид, утре, 6-ти декември од 12 до 13 часот.