Џет-Сет
28. јуни 2016 - 8:28

Почина познат актер

Ѕвездата на италијанските „шпагети вестерн“ филмови Бад Спенсер, чие вистинско име беше Карло Педерсоли, почина синоќа во Рим на 86-годишна возраст.

Информацијата за смртта ја соопшти неговиот син Џезепе.

Последен поздрав до актерот упати и италијанскиот премиер Матео Ренци.

– Збогум Бад Спенсер. Многумина од нас те сакаа, напиша Ренци на Твитер.