Џет-Сет
20. February 2017 - 9:13

Почина познат актер

Глумецот Ворен Фрост, познат по улогите во телевизиските серии „Твин Пикс“ и „Сејнфелд“, почина на 92-годишна возраст по долгогодишно боледување, во својот дом во Мидлбери во аамериканската сојузна држава Вермонт.

- Тажни сме што мораме да ве известиме за смртта на нашиот драг татко. Благодарни сме што го делевме светот со него сиве овие години, изјави неговиот син Марк Фрост за „Венити Фер“.

Ворен е роден во 1925 година во Масачусетс, а неговата актерска кариера траеше повеќе од 50 години.

Нам најмногу ни е познат по улогите на Вил Хејвард во „Твин Пикс“ и господин Рос од „Сајнфелд“. си/сп/09:04