Свет
10. January 2017 - 11:07

Почина поранешниот претседател на Германија, Роман Херцог

Поранешниот германски претседател Роман Херцог почина денеска на 82 години.

Херцог во 90-тите години на минатиот век инсистираше Германија да спроведе економски реформи, но исто така истакнуваше колку е значајно да не се заборави Холокаустот.

Актуелниот германски претседател Јоахим Гаук изјави дека Херцог бил „единствена личност“.

Херцог стана претседател на Германија во 1994 година, четири години по обединувањето.