Почина поранешниот американски сенатор Боб Дол
Поранешниот американски сенатор и републикански претседателски кандидат Боб Дол почина на 98-годишна возраст, се вели во соопштението на фондацијата на неговата сопруга на 5 декември. „Со тешко срце објавуваме дека сенаторот Роберт Џозеф Дол почина рано утрово во сон. До неговата смрт, на 98-годишна возраст, тој верно им служеше на Соединетите Американски Држави 79 години“, се вели во соопштението на Фондацијата Елизабет Дол на Твитер. Дол беше републикански кандидат на претседателските избори во 1996 година, кои ги загуби од Бил Клинтон.
Тој поднесе оставка од Сенатот за да се кандидира за претседател, откако повеќе од 35 години ја претставуваше државата Канзас во Конгресот на САД. Дол беше потпретседателски кандидат на Републиканската партија во 1976 година во претседателската трка заедно со Џералд Форд, но тие загубија од демократот Џими Картер и неговиот потпретседател, Волтер Мондејл. Дол беше тешко ранет во борба за време на Втората светска војна.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати