Свет
1. July 2021 - 9:00

Почина поранешниот американски секретар за одбрана Доналд Рамсфелд

Почина поранешниот американски секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд на 88-годишна возраст. Беше роден на 9 јули 1932 година во Чикаго.

Рамсфелд беше секретар за одбрана на САД во време на претседателот Џералд Форд (1975-1977)  и кога претседател беше Џорџ В. Буш (2001-2006) за време на војната во Ирак.