Свет
18. April 2018 - 9:05

Почина поранешната прва дама на САД

Поранешната американска прва дама Барбара Буш почина на возраст од 92 години. 

Таа беше значајна фигура во политичката династија, која вклучуваше двајца претседатели - нејзиниот сопруг Џорџ Буш и нејзиниот син Џорџ Буш помладиот.

Барбара Буш, која беше прва дама од 1989 до 1993 година веќе одреден период се соочувала со здравствени проблеми, но одбила натамошни медицински третмани, јави Би-Би-Си.

Нејзиниот сопруга почина на 93 години, со што стана најдолговечниот американски претседател. Нејзиниот син беше избран во 2000 година и служеше два мандати како 43-ти претседател на САД.