Македонија
17. September 2019 - 19:35

Почина основоположникот на студиите по односи со јавноста, професор д-р Томе Груевски

На 70 годишна возраст почина универзнитетскиот професор по нивинарство Томе Груевски. Тој починал вчера во Скопје по кусо но тешко боледување. Тој имаше значаен уддел во едукацијата на генерации новинари. Поранешните студенти, а денес новинари веќе се збогуваа со својот професор преку социјалните мреѓи, а ова се само дел од статусите посветени на него

„ Не смеете новинарството да го сведете на тезга на пазар, Повеќе од професор, повеќе од пријател и другар...“ ПИШАА НЕГОВИТЕ СТУДЕНТИ.

Груевски е роден е роден во 1949 година во Смилево, Битолско. Уште од студенките денови се посветил на новинарството. Додека студирал бил соработник и уредник на  на „Студентски збор“, а подоцна и директор. бил и главен уредник на списанието „Дијалог“, соработник на емисиите „Бранови на младоста“ и „Студентски паралели“ на Радио Скопје, а потоа бил и соработник на Третата програма на Македонското радио.

Се запишал и допломирал на на Филолошкиот факултет, магистрирал на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања  и докторирал на Правниот факултет  во Скопје.  Тој е и прв доктор по комуникологија во земјава и основоположник на студиите по односи со јавноста во Македонија.

Има објавено повеќе од сто научни статии-трудови во научни списанија во земјава и странство, а е добитник и на многу награди.