Спорт плус
16. September 2015 - 16:01

Почина најверниот навивач на Бразил

Кловис Акоста Фернандез почина синоќа на 60 годишна возраст, а причината е рак, болест со која тој се борел девет години. Фернандез беше редовен гостин на Светските првенства од 1990 до 2014 година, а најголемата радост ја има забележано во 1994 година кога Бразил ја освоил четвртата титула против Италија, по изведување на пенали.

Најтежок пораз во неговата навивачка кариера, пак, е поразот од Германија на последното СП кое се одигра токму во Бразил. На домашен терен „кариоките“ беа надиграни од „панцерите“ и загубија со убедливи 7-1, што е највисок пораз во историјата на бразилскиот фудбал.