Почина Минка Веизовска, пациентката која го пријави аптекарот на Онкологија за мито
Почина Минка Веизовска, пациентка од Клиниката за онкологија која го пријави аптекарот од истата Клиниката дека ѝ барал поткуп за да ѝ издаде биолошка терапија, објави „Слободен печат“. Веста ја потврдил нејзиниот сопруг, таа починала на Клиниката за пулмологија во Скопје.
Пред само два дена се одржа рочиште за случајот за пријавата за поткуп кон аптеркарот, ама Веизовска не била присутна поради влошување на нејзината здравствена состојба.
На почетокот на судскиот спор таа даде исказ и во него кажа дека аптекарот ѝ барал поткуп, а во спротивно ѝ се заканувал дека терапијата за неа ќе ја нема и ќе му биде дадена на друг пациент. Во својот исказ таа спомена повеќе вработени на клиниката.
И покрај смртта на Веизовска, процесот против аптекарот ќе продолжи, со оглед на тоа што се работи за предмет кој е отпочнат по службена должност, односно во соработка со МВР и Обвинителството, а не по приватна тужба, информираат од ЈО.
Ново на Сител
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
-
Доделување сертификати на 145 земјоделци за одржливо земјоделство во Преспа
-
Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево
-
Нова американска воена помош од половина милијарда долари за Украина
-
Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада
-
Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија
-
Утрото со минусни температури, преку ден сончево со мала до умерена облачност
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед